October 17, 2021 18:23
Спорт

Медведев прокоцка шанса да направи рокада со Ѓоковиќ на АТП листата

Рускиот тенисер Данил Медведев со неочекуваната елиминација во осминафиналето на  Мастерсот турнирот во Индијан Велс од Бугаринот Григор Димитров, пропушти шанса да го симне Србионот Новак Ѓоковиќ од првото место на АТП листата. Медведев кој во финалето на годинашниот УС Опен, го совлада Ѓоковиќ и му го уништи сонот за историски успех со комплетирање на календарски гренд-слем трофеи, откако претходно ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Медведев го спречи Ѓоковиќ  да стигне и до рекордниот 21. гренд-слем трофеј.

Доколку Медведев по успехот на УС Опен го освоеше и трофејот во Индијан Велс ќе  направеше рокада на челната позиција на АТП листата на 1 ноември и таму ќе останеше една недела, но и ќе имаше големи шанси да се врати на лидерската позиција по завршниот турнир од сезоната, во Торино. Со ваквиот расплет Медведев му го продолжи престојот на Ѓоковиќ на првото место најмалку до 22 ноември со што ќе стигне до 347 недели како лидер на АТП листата.

Со оглед на тоа што Медведев ја брани титулата на Мастерсот во Париз, извесно е дека, ако нема поголеми изненадувања,  дека Ѓоковиќ ќе остане на првата позиција до крајот на оваа година.

AnimeTV: Higurashi: When They Cry - GOU (Dub) anime episode 24 online free at https://animetv.cc free anime tv

ANIMEFLIX: Sindbad: The Flying Princess and the Secret Island (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl attack on titan animeflix

AnimeDao: Lensman - Secret of The Lens (Dub) anime episode Full online free at https://animedao.nl attack on titan season 3 animedao

Desert Punk (Dub) (https://kissanime.mx/m/VV9k) Episode 24

Website https://twistmoe.net: Watch Saint☆Young Men (Movie) twistmoe Episode Full twist moe