November 30, 2020 00:36
Спорт

Медведев преку Ѓоковиќ до полуфиналето на АТП турнирот во Лондон

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и се пласираше во полуфиналето на АТП-завршниот турнир во Лондон.

Во меч што траеше еден час и 22 минути, Русинот ги доби двата сета со по 6:3.

Негов ривал во следната рунда ќе биде или Шпанецот Рафаел Надал, или Гркот Стефанос Циципас.

Утре Медведев ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман во последниот натпревар од групната фаза.

Табела А-група: Медведев 2-0 (победи-порази), Ѓоковиќ 1-1, Александер Зверев 1-1 и Шварцман 0-2.

Табела Б-група: Доминик Тим 2-0, Надал 1-1, Циципас 1-1, Рублев 0-2.