February 2, 2023 23:01
Свет

Медведев: Непријателите тврдат дека ни недостасува оружје, морам да ги разочарам

Русија има доволно оружје, а на пат е и нова воена опрема, изјави денеска Дмитри Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешен претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Медиумите анализираат дека неодамна многу се шпекулираше за резервите на оружје на Русија, односно дали таа потрошила значителен дел од залихите оружје и муниција на фронтот во Украина.

Медведев денеска на средба со претставници на руската воена индустрија рече дека непријателите на Русија постојано тврдат дека им „нема ова или она“.

„Морам да ги разочарам, доста ни е од се“, рече тој, додавајќи дека „во тек е испораката на илјадници парчиња ново оружје и воена опрема“.

„Воспоставивме добар ритам на испораки од почетокот на годината, сега треба да го одржиме“, додаде тој.