Спорт

Медведев го победи Циципас, во финалето против Надал ќе се бори и за првото место на АТП

Данил Медведев, во отсуство на Новак Ѓоковиќ, најдобро рангираниот тенисер на Австралија опен, избори пласман во финалето. Тенисерот од Русија, во полу-финалето, за два часа и 33 минути, го победи Стефанос Циципас со 3:1 (7/6, 4/6, 6/4, 6/1).

Медведев за титулата ќе се бори против Рафаел Надал кој со 3:1 го победи Беретини.

Русинот се избори за своето четврто финале на гренд-слем турнирите, доколку победи во недела, ќе го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ. Ако победи Надал, тоа ќе биде историски 21 грен слем.

Притив Циципас, делуваше сигурно, ја надмина кризата која ја имаше кон крајот на вториот и почетокот на третиот сет, кога имаше и жестока расправија со главниот судија. Медведев инсистираше кај судијата да му даде опомена на Циципас поради „коучинг“. Судијата на забелешките само ја сврте главата, на што Медведев тотално полуде.

-Гледај ме кога ги се обраќам, ти  пи..о. Нeговиот татко зборува на секој поен. Дали си глуп. О Боже. Ти со лош човек. Како можеш да судиш толку лошо полу-финале на гренд слем турнир, го праша Медведев судијата.

Во четвртиот сет го декласира противникот и ја забележа седмата победа во меѓусебните дуели.

Циципас шансата ја испушти во првиот сет, во тај-брејкот водеше со 1:4, на крајот 13 игра ја доби Медведев со 7:5. Во вториот сет Гркот направи брејк во раната фаза, Медведев и успеа да се врати во шестиот гем, но Циципас го брати брејкот во осмиот гем и на крајот израмни на 1:1.

Во третиор сет клучен беше брејкот во 10.гем што го направи Медведев. Циципас во четвртиот сет ја смени тактиката, често излегуваше на мрежа, но и праваше многу грешки од основната линија. Медвдев експресно направи два брејка и го доби мечот.

Финалето на машкиот дел од турнирот ќе се одигра во недела од 9.30 часот, по средно-европско време.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

Bleach

AniWatch The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 3

watch anime online AniWatch Black Clover (Dub)

AniWatch Naruto

AniWatch My Hero Academia Season 2 (Dub)