January 18, 2021 17:16
Спорт

Медведев во конкуренција на Ѓоковиќ и Надал тешко ќе го освои врвот на АТП-листата

Додека играат Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал ќе биде тешко да се стане најдобар тенисер на светот на ранг-листата на Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП). Такво мислење за агенцијата ТАСС преку видеоврска изнесе рускиот тенисер Данил Медведев, победник на Завршниот турнир на АТП.

Медведев има 24 години и во моментов е на четвртото место со 8470 бодови, додека 33-годишниот Ѓоковиќ е на првото место (12030) а 34-годишниот Надал на второто (9850).

„Далеку е првото место. За да станам најдобар тенисер на светот морам да ја одиграм сезоната подобро од сите други. Понекогаш се доволни и 8000 поени, а понекогаш и 12000 се малку“, рече Медведев. „Сé зависи од мене. Колку повеќе имам такви турнири како во Париз и Лондон, поголеми се и шансите да се најдам на првото место. Но, со Рафа, Роџер (Федерер) и Новак тоа е многу тешко (да се постигне). Но, јас ќе се трудам“.