January 15, 2021 14:56
Магазин

Меган Фокс и раперот Кели првпат заедно во јавност

Актерката Меган Фокс и раперот „Мaшин-ган“ Кели првпат јавно се појавија како двојка на доделувањето на американските музички награди во неделата вечерта.

34-годишната актерка и 30-годишниот рапер, кои започнаа врска на почетокот на оваа година, продефилираа на црвениот тепих во „Мајкрософт“ театарот во Лос Анџелес.

Меган на себе имаше свилена смарагдно зелена креација, додека нејзиниот партнер беше облечен во дводелен бел комплет со ниско деколте за да ги покаже тетоважите на градите.

Во последните месеци и двајцата говореа за нивната врска во интервјуа, а Меган неодамна рече „нашата врска има митски пропорции“.

“Сега сè е изолација, дехуманизација, разделување. И убаво е да пронајдете некој што може да ве извади од брзата лента и да направи да сте безбедни, и да го надминете чувството дека во било кој момент може да се срушите,“ изјави Кели неодамна.