January 18, 2021 13:48
Магазин

Меган Маркл имала спонтан абортус во јули

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус во јули, додавајќи дека доживува „речиси неподнослива тага”, како што нагласи.

– Знаев оти, додека го гушкав своето првородено, го изгубив второто дете… Загубата и болката го мачеа секој од нас оваа 2020 година, рече Меган во разговор за „Њујорк тајмс”.

Арчи, првото дете на Меган и британскиот принц Хари, се роди на 6 мај 2019 година.