Македонија Скопје

„МГ Фешн”: Сакаме руинираниот простор во центарот на Скопје да го претвориме во нов зелен, урбан и модерен комплекс

„МГ Фешн” сака искуството од проектот „Скопје сити мол” да го примени на градежната парцела 1.1 на паркингот спроти „Холидеј Ин”, каде во проектот „Гранд” ќе инвестира 60 милиони евра, во чија реализација би се вклучиле голем дел од домашните градежни компании, а нуди и нови вработувања и средства за развојни проекти за локалниот и државниот буџет, најавија денеска од домашната компанија.

– Замислата е во истиот дух да го претвориме запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов зелен, урбан и модерен комплекс кој е еколошки и енергетски ефикасен, изјави Илија Божиновски на денешната презентација на проектот преку платформата Зоом.

Тој нагласи дека станува збор за станбено-деловен комплекс што ќе се реализира во три фази.

– Во проектот се инкорпорирани многу јавни површини и зеленило. Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, како нов модерен деловен центар на Скопје, рече Божиновски и се заблагодари на жителите на Ново Маало за како што рече, нивната поддршка и соработка за реализација на проектот.

Тој посочи дека „МГ Фешн” останува отворена за комуникација со сите сопственици на имот и нивно адекватно обесштетување со цел закружување на проектот. Градежната парцела 1.4, додаде Божиновски, е со приближна големина на Плоштадот „Македонија” и на неа според ДУП-от не се предвидува градба на објекти, туку фонтана со спомен обележје.

– „МГ Фешн” нуди соработка на општината Центар и е подготвена да инвестира во урбан јавен простор на површина од 7.300 квадратни метри со разновидно парковско зеленило, налик на светските паркови. Сопствениците на приватните парцели од парцелата 1.4 би биле обесштетени со истиот сооднос како и останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти. Подготвени сме во соработка со Градот и Шумарскиот факултет да инвестираме во обновување на делот на Кејот „13 Ноември”, кој се протега по должина на локацијата, рече Божиновски и додаде дека кејот не е предмет на градба.

Во одговор на прашање тој рече дека нема никакви информации за какви било постапки покренати за стопирање на изведбата на проектот и затоа, како што посочи, не сака да коментира, ниту, пак, да шпекулира.

На овој простор се предвидува на бруто развиена површина од 200 илјади квадратни метри, согласно ДУП со намена А2 и Б2 – домување во станбени згради и деловни содржини катност од П+60+потпокрив, но како што посочија архитектите, идејниот проект предвидува вкупно развиена бруто површина над земја од 89.627 квадратни метри или малку повеќе од половина од површината дозволена за градба, а максималната катност е П+22. Паркирањето ќе биде обезбедено исклучиво во градежната парцела 1.1 во три подземни нивоа со 969 паркинг места.

Објектот, како што посочија, ќе се состои од три кули со различна намена од кои две се за домување, кои би гледале кон Кеј „13 Ноември”, а деловната зграда е со помала катност П+16 и би гледала кон деловната зграда на Соравија. Трите кули во приземјето и на катот ги врзуваат деловни содржини, локали и канцеларии. Влезот за возила е предвиден да биде преку улицата „Мирче Ацев”, која треба да прерасне во булевар и улицата „Два”. Предвидени се два влеза, еден е под деловната зграда и еден од спротива, каде што би биле локалите, како и излез, додека  на Кеј „13 Ноември” би имало само еден излез.

Во првата фаза се предвидува изградба на станбено деловен простор со катност П+20+потпокрив, во втората П+22 и во третата фаза деловната зграда со П+16 и локалите кои се наоѓаат во приземје со катност П+. На горните катови е сместено домувањето и канцелариите, а на приземјето и дел од катот се резервирани за локали кои гравитираат кон улиците. Во двете кули вкупно има околу 400 станови со околу 1.200 жители, што е нешто повеќе од предвидените 850 на хектар.

На целата локација предвидено е зеленило на површина од 6.250 квадратни метри во партерот и деловните површини што, како што велат, е многу повеќе од законскиот минимум од 20 отсто. Во тоа зеленило не влегува балконското зеленило. Би имало и пешачка улица меѓу објектите која, велат, би се поврзала со Градскиот трговски центар и Кејот „13 Ноември”.

WCOStream watch cartoons online wcostream: My Hero Academia 3 Episode 25

ANIMEFLIX animeflix: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 5