March 2, 2021 17:15
Македонија

МВР трага по сторителот, Обвинителството ќе утврдува дали е сторено кривично дело со палењето на бугарското знаме во Вевчани

МВР трага по сторителот кое го запали бугарското знаме за време на карневалот во Вевчани. За случајот предмет отвори струшкото обвинителство кое ќе утврдува дали е сторено кривичното дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик, кој за исмејување или подбив со странска држава, предвидува парична казна.

Полицијата го бара лицето кое го запалило бугарското знаме на Вевчанскиот карневал. Од МВР информираат дека настанот е документиран и се работи на утврдување на неговиот идентитет по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Од полицијата велат дека инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога лице што било дел дефилето во рака држело знаме на Бугарија, а при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило.

За настанот експресно реагираше и официјална Софија… Шефицата на дипломатија Екатерина Захариева преку Фејсбук информираше дека му дала налог на амбасадорот во земјава Ангел Ангелов,а тој веднаш упатил остар вербален демарш.

Одговор веднаш стигна од македонско МНР –

– Го осудуваме палењето на знамето, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Македонија. – стои во реакција на МНР, а слична осуда стигна и од шефот на државата Стево Пендаровски.

-Палењето на знамето е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување. – напиша Пендаровски.

 

Shingeki no Kyojin: Chronicle Episode Full at Funimation funimation

So I'm a Spider, So What? Episode 2 at AnimeFreak vinland saga animefreak