December 5, 2021 12:04
Хроника

МВР со детали за престрелката во Бутел

МВР излезе со првични детли за престрелката кај основно училиште во Бутел, за која што информираше 24 Инфо, а во која е рането едно лице.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 16.40 на паркингот на ОУ Живко Брајковски на улица Хо Ши Мин.

-Таму претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.