Uncategorized Хроника

МВР со детали за инцидентот во Волино: Осумина приведени, тројца во бегство

МВР со детали за вчерашниот инцидент во охридското село Волино во кој учествуваа повеќе лиц, меѓу кои и фудбалери на локалниот фудбалски клуб.

На 08.09.2019 во село Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Сатеска“ од Волино и ФК „Црно буки“ од Битола околу 17 часот поради незадоволство од одлука на судиите, З.Т. (47) од селото влегол на теренот да ги нападне.

-Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т.. тој пружил отпор. Полицајците при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведениот биле попречувани од Т.Н.(50), К. Н. (21) , С.Б. (37), Д.С. (24) , Б.А. (36) , Н.С. (27)  и М.А. (59), сите од Волино, кои се приведени во ПС Охрид. Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.