April 7, 2020 18:15
Хроника

МВР ги откри полицајците кои се закануваа на граѓаните со порaките „Клошари седете дома“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во врска со двете фотографии  кои во текот на вчерашниот ден се појавија на социјалните мрежи на кои лица  облечени во полициска униформа со навредлива содржина кон граѓаните, кои заради вонредната состојба ги почитуваат препораките на Владата и се наоѓаат во изолација,  а со тоа се штитат себе си и другите од ширењето на вирусот Ковид 19, Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи најостро го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш  изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР .

При извршените проверки беше утврдено дека  двете лица  на една од фотографиите заеднички фотографирани во возило  станува збор за овластени полициски службеници, истите  веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР , при што против нив најитно поведе дисциплинска постапка за чија содржина и исход ќе ја известиме јавноста по утврдување на сите факти.

Во врска  со другата фотографија каде едно лице  е фотографирано само , МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор и по утврдените факти и разговорот со  него, МВР против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник,носејќи  полициска мајца со полициски ознаки .

Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните и до полициските службеници да  бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи  и воедно потенцираме дека  најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата.

 

Поврзани вести

Починаа четири нови пациенти заболени од коронавирусот

Igor

Од среда полициски час во цела држава од 16 до 5 часот

Igor

Уште тројца починати од коронавирус, двајца во Тетово, еден во Кочани

Igor