October 22, 2020 01:37
Хроника

МВР ги најде полицајците кои тепаа момче во Шутка

МВР информира дека ги идентификувала полицајците кои теп момче во Шутка, од кое на социјлните мрежи беше објавено видео.

-Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од МВР.