November 27, 2021 04:20
Свет

Мајкрософт го затвори Линкедин во Кина

Мајкрософт ја затвори својата социјална мрежа Линкедин во Кина, со објаснување дека почитувањето на тамошните правила станало преголем предизвик, објави Би-Би-Си.
„Се соочуваме со значително поголеми предизвици во работната средина и се поголеми проблеми во усогласување на работењето во Кина”, напиша потпретседател на Линкедин, Мохак Шроф, на својот блог.

Линкедин беше единствената голема западна социјална мрежа достапна во Кина.

Кога започна со работа во таа земја во 2014 година, Линкедин се согласи со барањата на тамошната влада, ветувајќи дека ќе ја врши својата работа транспарентно. Но, Линкедин објави дека не се согласува со цензурата што ја спроведува кинеската Влада.

Овој потег на Мајкрософт дојде откако Линкедин беше критикуван за блокирање на профилите на неколку новинари.

Линкедин ќе покрене друга верзија на својата платформа подоцна оваа година, наречена ИнЏобс (InJobs), која ќе биде специјализирана само за работа.

Сепак, платформата нема да вклучува социјални содржини, ниту корисниците ќе можат да објавуваат и споделуваат содржини.

KissAnime: Kameari Park Precinct anime episode Full online free at https://kissanime.mx watch anime dub

Watch The Helpful Fox Senko-san (Dub) Episode 12

Ninja Collection (https://4anime.biz/m/mnzg) Episode 13

Watch anime online for free at AnimeDao watch animes

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed