October 31, 2020 14:13
Балкан

Мајката на загинатиот пилот: Ми се јави половина час пред летот да излезам на балкон“

Во несреќата со уривањето на воениот авион во атарот на селото Брасина во Србија загина пилотот Ѕвонко Василјевиќ, додека по другиот кој се капитулират, се трагаше со часови. Нешто пред 14 часот за жал е потврдено дека и тој настрадал.  Српските новинари по несреќата ја посетиле  семејната куќа на трагично настраданиот Ѕвонко , каде неговите родители и роднини веќе биле обвиени во жалост и тага.

-Половина час пред летот, Ѕвонко ми се јави и ми рече да излезам на балконот затоа што ќе лета над нашите куќи – рекла за „Новости“ неговата мајка, Мара.

-Го чекав, тој е нашата гордост во секоја смисла и како дете и како човек и како пилот. Што се случило во меѓувреме не знам – изјавила мајката на загинатиот пилот.

Неговиот татко додал дека го знае својот син каков е и дека многупати му велел дека никогаш, по никоја цена, не би оставил некој во авион, а тој самиот да се капитулира. Никогаш, нагласувал, дека нема тоа да го направи. Сигурен сум дека тоа не го направил, затоа што го красеше силен морал, човекољубие и професионалност.

Порталот „Нова.рс“ дознава дека пилотите на Миг-21, кој денеска се урна најверојатно не катапултирале на време за да спречат авионот да падне во населеното место и да убие цивили. Несреќата се случила за време на обука на професионален пилот кој на овој тип авиони вежбал за  да управува со Миг-29.

На Фејсбук профилот на Ѕвонко стои фотографија од него и авионот во кој загина, а во опис на фотографијата стои: „55 години кај нас и понатаму на прва линија“.