September 23, 2019 10:03
Останато

Машката штафета на Норвешка го освои златото на СП во Сефелд

Машката штафета на Норвешка го освои златото на СП во Сефелд

Норвешка е победник на трката 4 по 10 километри штафета мажи на Светскиот шампионат во нордиски дисциплини што се одржува во австриски Сефелд.

Златото на Норвежаните им го донесоа Емил Иверсен, Мартин Сондби, Шур Рете и Јоханес Клебо. Тие патеката ја поминаа за 1 час 42 минути 32,1 секунда.

Второто место и сребрените медали им припаднаа на Русите во состав: Андреј Ларков, Александар Бесмертних, Александар Болшунов и Сергеј Устјугов. Русија зад победникот заостана 38,8 секунди.

На третото место се пласира францускиот тим кој го сочинуваа: Адриен Бакшајдер, Морис Манифика, Климент Парис и Ричард Жуве. Нивниот заостаток зад Норвешка изнесуваше една минута и една десетинка.

Нови вести

Загина тренерот на Спартак и екс селектор на Хрватска

24news

Златен и бронзен медал за македонските каратисти на Медитеранското првенство во Анталија

24news

Федерер си обезбеди место во полуфиналето на турнирот од сериите „Мастерс” во Мајами

24news