August 10, 2022 21:47
Свет

Мачка ги спасила животите на тројца станари во САД

Животите на тројца жители на американскиот град Сиракјус ги спасила мачка, која ги разбудила откако избил пожар во зградата.

Пожарот избувнал во саботата наутро по локално време, на првиот кат од зграда во сојузната државата Њујорк.

Според пожарникарите, мачката ги разбудила станарите.

Тие потоа биле евакуирани, пренесуваат локалните медиуми.

Кога противпожарната бригада пристигнала на местото, пожарот го изгаснала за околу 20 минути, пренесе агенцијата АП.

Двата ката од зградата во градот Сиракјус биле евакуирани, иако пожарот го зафатил само првиот кат.