October 24, 2020 02:16
Македонија

Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

ВМРО-ДПМНЕ го осудува секој облик на насилство.

Мафијата на власт кога прави политичко насилство, прави насилство и врз народот.

Мафијата на власт наместо Едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал. Мафијата на власт создаде општество во кое се тепаат новинари, се тепаат критичари на власта, а се тепа и народот.

Мафијата на власт создаде општество во кое се злоупотребува полицијата за личен пиар на мафијата, со девастација на системот со наместени казни за Заев и мафијата на власт.

Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминал, а сега мафијата на власт брутално тепаат.

Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила.

Ова не смее да се премиже, мора да има одговорност во врвот  на мафијата на власт и оставка од Оливер Спасовски.

Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластува на врз граѓанин,  мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа  да следат санкции.

Полицијата мора да работи на градење на доверба. Се друго е зафат во штитење на мафијата. Спречувањето на криминалот исклучиво согласно законот е обврска и задача на МВР и БЈБ. Жалиме што поради непрофесионалноста во мал дел од полициските редови, тоа остава лош впечаток меѓу граѓаните, а за тоа е виновен врвот во МВР и затоа Спасовски мора да си замине.