January 25, 2022 05:44
Балкан

Матеј ја барал, но не се слушнал со пријателката, вели таткото на исчезнатото момче

Откако се појави информацијата дека исчезнатиот Матеј Периш од Сплит последен пат телефонски комуницирал со своја пријателка, сограѓанка која исто така била во Белград ноќта кога исчезнал, неговиот татко Ненад Периш негираше дека двајцата се слушнале.

– Имено, пред десетина дена ја сретнав на улицата пред белградската полиција. Тоа беше случајна средба и таа потоа накратко ми кажа дека таа и Матеј не се слушнале еден со друг, но дека го пропуштила неговиот повик. Но тоа било пред 23 часот кога бил приклучен наvWiFI мрежата и кога била снимена неговата последна активност на WhatsApp, изјави Ненад Периш.

Девојката која работеше и на организирање на патувањето, одамна го познава Матеј, кој е пријател со нејзиниот брат, кој не бил дел од друштвото на Матеј со кој бил во Белград.

Веројатно Матеј, со оглед на тоа што била во Белград, се обидел да стапи во контакт со неа, претпоставува Ненад Периш.

Според неофицијални информации на Вечерњи лист, таа се уште е во Белград.

Матеј  најверојатно сакал неговиот и нејзиниот тим да продолжат да се дружат и таа да ги запознае со ноќниот живот во Белград бидејќи познава многу луѓе таму и често одела во Србија на ноќни излегувања.

Девојката пред неколку дена на социјалните мрежи сподели фотографии од ресторанот Буда, кој се наоѓа во непосредна близина на ресторанот „Сава нова“, каде што надзорната камера ја снимила последната фотографија на Периш .

Пријателите на Периш го напуштија Белград пред неколку дена, откако беа прегледани на полиграф и се вратија во Сплит. Бидејќи се вратиле со корона, полицијата чекала да излезат од изолација и веќе разговарала со нив.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција и помошник директор на хрватската полиција Антонио Геровац на прес-конференцијата изјави дека пријателите на исчезнатиот се клучен извор на информации.

-Хрватската полиција ќе преземе одредени дејствија во врската, за расчистување на одредени сомнежи кои постојат во делот на исчезнувањето. Ќе се разговара со нив се додека сметаме дека е потребно – истакна Геровац.

МВР на Србија днеска соопшти дека и официјално ја прошири потрагата по исчезнатиот сплиќанец на Смедерево, Пожаревац и Панчево.

Белградската полиција, пак, завчера одржа прес-конференција на која направи реконструкција на тоа што забележале камерите ко го снимиле Периш. При тоа заклучиле дека снимките од објектот како плива во Сава одговараат на сигналот на мобилниот телефон на Матеј Периш. Полицијата на медиумите презентираше 10-минутна реконструкција на движењата на Матеј Периш на снимките од голем број надзорни камери и постојано нагласуваше дека единствениот контакт на Матеј бил обидот да се качи во такси и никој не трчал по него, ниту пак имало конфликт.

 

english anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Black Clover (Dub)

online anime Fairy Tail (Dub)

AnimeFreak Naruto (Dub) Episode 214

english dubbed anime AnimeFreak Dragon Ball Z (Dub)

AnimeFreak The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants