January 24, 2022 10:11
Свет

Мас: Одлуката на Москва ја направи ситуацијата уште потешка

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас реагираше на објавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Москва ја затвора мисијата на НАТО во Брисел, истакнувајќи дека одлуката „ја направи ситуацијата уште потешка”.

– Ова ќе ги направи работите уште потешки, иако тие веќе се доволно тешки. Германија побара од НАТО да влезе во дијалог со Русија, изјави Мас по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој додаде дека Русија претходно посочи дека сака да разговара.

– Мораме да признаеме дека Русија не сака. Тоа е повеќе од жално, таа одлука што беше донесена во Москва … Тоа сериозно ќе ги наруши односите, нагласи Мас.

Пратеник на која било земја – членка на НАТО може, во име на целата Алијанса, да одржи итен контакт со руската страна, откако Русија одлучи да ги повлече акредитациите за персоналот на НАТО во Москва од 1 ноември, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Претходно, НАТО ги повлече акредитациите за осум руски службеници на мисијата на НАТО во Брисел, тврдејќи дека тие се припадници на руската тајна служба, по што Русија ја затвори својата дипломатска мисија при НАТО во Брисел.

„На рускиот амбасадор во Белгија ќе му биде дозволено да одржи итен контакт со седиштето на Северноатлантската алијанса. По дискреционо право на Алијансата, амбасадорот на земја членка на НАТО во Москва ќе може да обавува слична функција”, се вели во соопштението.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Dragon Ball Super (Dub) Episode 130

4Anime TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

To Your Eternity Episode 13

4anime biz Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

BANANA FISH Episode 19