September 22, 2019 16:55
Свет

Маск демантира дека му подарил Тесла на Лукашенко

Основачот на „СпејсИкс” и автокомпанијата „Тесла”, Илон Маск, ја демантираше информацијата дека му подарил автомобил Тесла на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Маск ова го соопшти денеска на својот Твитер налог откако беше прашан од своите потписници.

На 2 септември, за време на настап по повод првиот школски ден во училиште во Минск, Лукашенко изјави дека поседувал автомобил Тесла којшто, според него, му го подарил Маск.

-Имам електро автомобил Тесла, и понекогаш го тестирам. Ми ја подари Маск, им рече тогаш Лукашенко на учениците.

Прилог од средбата во училиштето емитуваше ТВ каналот „СТВ”. Ниту службата за односи со јавноста на претседателот, ниту пак самиот Лукашенко, претходно не соопштија за таков подарок.

Според изданието „Белоруски Партизан”, Лукашенко станал сопственик на автомобил Тесла „Модел С П100Д” пред две години. Најефтината верзија на овој модел чини 80 илјади долари, а верзијата со дополнителна опрема на белорускиот претседател чини 165 илјади долари, дознава изданието.

Оттаму велат дека Маск навистина претходно дарувал аватомобили Тесла, но на својата мајка и на поранешната девојка.

-Лукашенко никако не може да се стави во тој список, додава „Белоруски Партизан”.

Нови вести

Помпео: Распоредувањето дополнителни сили на САД е заради одвраќање

Filip

Израел почнува да им ја запира струјата на Палестинците поради долг

Filip

Танкерот Стена Имперо би можел да биде ослободен во текот на денов

Filip