Спорт

Маса: Знам во каква состојба е Шумахер, но кој сум јас да кажувам…

Михаел Шумахер е долго во кома по тешката несреќа која ја заработи на скијање во 2013 година во Франција. Од тогаш малку има информации за неговата здравствена состојба и ретко кој има пристап до неговиот семеен имот во Швајцарија каде се наоѓа.

Еден од оние кои имаат информации што се случува со Шумахер е неговиот поранешен тимски колега од Ферари, Фелипе Маса.

„Знам во каква состојба е, ги имам сите информации. Со него секогаш бев многу близок“ – вели Маса за „Фокс спортс“ и продолжува:

„Со неговата сопруга Корина не се дружев често затоа што не доаѓаше на трките. Мора да знаеме дека оваа ситуација не е ни најмалку лесна. Мора да го почитуваме семејството, не сакаат да изнесуваат работи во јавност и кој сум јас тоа да го правам?“ – вели Маса.

Маса истакнува дека секој ден се моли за Михаел…

„Го сонувам секој ден и се молам за него да му биде добро и да се врати на трките како поддршка за својот син. Се молам тоа да дојде еден ден“ – вели Маса.