February 3, 2023 11:13
Спорт

Мартино заминува од селекторската позиција во Мексико

Селекторот на мексиканската репрезентација Херардо Тата Мартино поднесе оставка откако не успеа со неговата селекција да се пласира во осминафиналето на 22. Светско фудбалско првенство во Катар. Во последниот натпревар во групата Ц, Мексико ја победи Саудиска Арабија со 2:1, но остана третопласиран во групата со четири бода, исто колку и второпласираната Полска, која поради подобрата гол-разлика ќе продолжи во осминафиналето.

Со ова се прекина серијата од седум последовни настапи на Мексико во осминафиналните мечеви на Мундијалите што траеше од 1994 до 2018 година.

„За оваа фрустрација и разочарување што ја чувствуваме, јас сум најодговорен и ја преземам целата одговорност. Договорот ми истече при последниот свиреж на судијата“, изјави Мартино, кој го водеше Мексико од 2019 година, на 66 натпревари.

Мексико во првото коло ремизираше со Полска, а потоа загуби од Аргентина. Иако ја победија Саудиска Арабија во одлучувачкиот натпревар, не постигнаа доволно голови за да бидат пред Полска.

Мартино претходно ги предводеше водеше и Аргентина, Барселона и Парагвај.