February 17, 2019 11:26
Спорт

Марсијал: Не сме фаворити против ПСЖ

Напаѓачот Антони Марсијал не верува дека Манчестер Јунајтед е очигледен фаворит против Пари Сен Жермен пред утрешниот осминафинален меч од Лигата на Шампионите помеѓу двата тима.

Првиот дуел ќе се одигра на „Олд Трафорд” од 21 часот.

– Точно е дека се наоѓаме во добра форма и се радуваме дека Солскјер е со нас и не поддржува. Но сигурно не сме очигледен фаворит против ПСЖ. Тие се без некои од главните играчи, но тоа не значи дека се послаби. Тие во составот имаат некоимногу добри фудбалери. Очекувам добар меч и се надевам дека ние ќе излеземе како победници, изјави Марсијал пред натпреварот.

Related posts

Македонија во поволна група ќе брка пласман на ЕП 2020

Igor

Двоен триумф за Норвежаните на спуст од Мундијалот во Оре

Igor

Рикардо откри зошто преминал во Рено

Filip