August 21, 2019 11:39
Фудбал

Марсело: Ако Реал не ме сака, нека ми плати…

Марсело го привлече вниманието на комплетната јавност на Пиринеите со ексклузивното интервју кое го направи за бразилски медиум, бидејќи левиот бек на Реал Мадрид опфати теми од приватниот живот, но и за актуелната ситуација на која не е баш навикнат.

Искусниот лев бек одговори на „злите јазици“ и на шпекулациите дека е здебелен седум килограми, но исто така опфати и едно прашање кое е навистина сензибилно со оглед на тоа колку многу го сака Реал Мадрид. Марсело во овој момент се соочува со најкомплексната ситуација во тимот бидејќи го загуби стартерското место од Регилон, па многумина сметаат дека ова може да биде негова последна сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

– Ако Реал Мадрид не ме сака, нека ми платат и се ќе биде решено. Јас верувам во себе, верувам во мојата работа, но ако дојде денот кога Реал Мадрид повеќе нема да ме сака во својот тим, јас ќе си заминам. Ќе ми биде жал, но ќе заминам, – порачува Марсело и додава.

– Тешко е постојано да бидете на највисоко ниво. Сега сум малку подоле од моето најдобро ниво, но во цела моја кариера сум имал подеми и падови. Сепак, секогаш се обидувам да имам добра линија. Оваа сезона имав три повреди, а сега само потребно е да играм за да се вратам во мојата стандардна форма и да ми се врати самодовербата, – додава Бразилецот.

Нови вести

Балотели е нов фудбалер на Бреша

24info

Утре ќе биде позната судбината на Дибала

24info

Најголемите разочарувања од Серија А во Премиер

24info