August 15, 2022 17:03
Македонија

Маричиќ: Ќе инсистираме позициите кои ги изнесовме да бидат вградени во преговарачката рамка

Денеска не сме добиле нов француски предлог или нацрт предлог, туку бугарското Собрание изгласа декларација во која ги реафирмира своите ставови. Ние ги изнесовме своите ставови на самитот вчера и доколку успее врз основа на тие изнесени позиции француската Влада, претседателот и француското претседателство со ЕУ да предложи нов поинаков предлог, ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме и да видиме дали нашите позиции и црвени линии, дали се внесени и задоволени, за да можеме да разговараме.

Ова го изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, во гостување вечерва на ТВ Телма во Топ Тема.

Ќе инсистираме, рече, на позициите кои ги изнесовме да бидат вградени во целиот пакет и во преговарачката рамка и во заклучоците, за да бидат прифатливи и кај нас.

Тој потенцира дека целта не е да правиме непријатели, што не значи дека секогаш ќе се согласуваме со нив, во однос на реакциите кои ги предизвика францускиот предлог.

– Ние имаме двоен интерес во целата работа. Имаме интерес да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, цел која ни е зацртана од 1992-та година и е наша стратешка цел, наведе Маричиќ.

Тој рече дека не може да го толкува премиерот Димитар Ковачевски во врска со неговата изјава дека има одредени експерти во државата кои создаваат хистерија заради некои трети земји.

Факт е, рече, дека постоеја луѓе, поранешни политичари, луѓе кои се заинтересирани за овој процес, кои или погрешно ги информираа или намерно креваа тензија, дел од политичките партии или медиумите.

Многу поважно за државата, смета вицепремиерот за евроинтеграции, е да се даде поддршка во преговорите на Владата која има рамка за ставовите и позициите, отколку да се праќаат патетични СМС пораки на министри за надворешни работи низ Европа во која ќе ги повикуваме да го одбијат предлогот.

sunwin

game sunwin sunwin.apk mới nhất game sunwin

tải sunwin

game sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin