June 28, 2022 08:15
Македонија

Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, и посакал добредојде и изразил големо задоволство од нејзината средба, посочувајќи дека посетата на премиерката Брнабиќ, во време на предизвиците со кои се соочува Европа и регионот, ќе ја искористат да разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан”.

Брнабиќ, денеска прво ќе оствари работна средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која присутен ќе биде и вицепремиерот Маричиќ, а потоа, како што е најавено заедно со Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на Самитот што го организира „Македонија 2025″.

mẹo chơi go88 go88 hỗ trợ ngân hàng nào nạp tiền go88

download sunwin ios