April 11, 2021 11:50
Македонија

Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во придружба со Заменик министерот за правда Агим Нухиу, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето на притворените и затворени лица во Казнено-поправената установа К’шање. Во ова установа оваа фаза за пописот започна навремено и се одвива во најдобар ред.

-Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди. По таа верификација сите дилеми кои беа наметнати од политичките фактори се расчистени. Сите треба да имаме доверба во пописот затоа што професионално се изведува, според точно утврдени правила и стандарди со сите заштитни мерки поврзани со Ковид-19 и можеме на еден брз и ефикасен начин да го завршиме во интерес на граѓаните, потенцираше Маричиќ.

Казнено-поправената установа К’шање е првата ваква установа каде што и практично започна оваа фаза на пописот.

Watch The Promised Neverland (Dub) Episode 10 (https://crunchyrollfree.com/m/Gpw1/ep-10) at website https://crunchyrollfree.com. See more free premium crunchyroll 2020

The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) (https://animeplanet.cc/m/pyjk) Episode 24 at website https://animeplanet.cc free anime