Македонија

Маричиќ: Се надевам дека Франција ќе ја промени динамиката за приближување кон ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денес со видео обраќање учествуваше на Амбасадорската тркалезна маса насловена „Пристапувањето на Западен Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – одржливост на македонскиот надворешно-политички курс“, во кое даде свое видување за евроинтеграцискиот пат на нашата земја и потенцираше на важноста и улогата на Секретаријатот за европски прашања во рамки на пристапниот процес на земјава во Унијата.

Во видео изјавата Маричиќ кажа дека Северна Македонија бележи значаен напредок во спроведувањето на реформите и тоа во последните пет години, што е нотирано и во извештаите на ЕУ за напредокот на земјата, при што изрази очекување дека во претстојниот период на француското претседавање дека прашањето на европската перспектива на Западниот Балкан ќе остане меѓу приоритетите, но овој пат и со реален исход: почеток на преговорите со Северна Македонија, и секако со Албанија.

„Важно е за нас одлуката за отпочнување на преговорите да биде донесена што поскоро, зашто резултатот од одлуката ќе има позитивно влијание врз политичките процеси, ќе значи дополнителен поттик за реформската агенда, резултатите, и генерално врз оптимизмот во општеството и на граѓаните, кои секако дека легитимно покажуваат сомнеж во остварливоста на нашата цел, членство во Унијата зашто долго време сме затворени во чекалната. Затоа сме уверени дека што поскоро почнат преговорите, тоа ќе биде подобро и за нас и за ЕУ“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот во своето обраќање пред претседателот Пендаровски и амбасадорите ги претстави и приоритетите на кои ќе се фокусира во претстојниот период. Тој посочи дека ќе се заложи лично за спроведување на агендата Европа дома и поширокиот аспект на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) и на тој начин ќе се исцртува траекторијата за нашето членство во ЕУ.

„Ќе сторам сè за целосна апсорпција на сите европски средства кои ни се алоцирани, како и за имплементација на сите билатерални договори за помош кои земјата ги има на располагање, ќе продолжиме со јакнењето на ИПА структурата затоа што ја разбираме важноста на секоја помош од Унијата, но и важно ни е добрите кадри да останат во институцијата и токму таа ИПА структура да биде доволно мотивирана, да не оди во приватниот или консултантскиот сектор, но да остане во државните институции и да ни помогне да имаме подобра искористеност и подобри резултати во спроведувањето на помошта од Европската Унија“, рече Маричиќ.

Тој најави и консолидација на ЕУ координативниот механизам и формирање на преговарачките структури во краток рок за да се обезбеди фокус на спроведувањето и организација на институциите согласно процесот на преговарање, за на тој начин да се изврши и позитивен ,,притисок“ врз институциите.

anime stream. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

watch anime free My Hero Academia Season 3 (Dub)

free anime online High School DxD

anime stream Attack on Titan Final Season

AnimeDao Record of Ragnarok

watch anime online Attack on Titan Season 2 (Dub)

tải go88