October 21, 2020 01:16
Македонија

Маричиќ: Ред, дисциплина, правда се зборови од кои бега ВМРО-ДПМНЕ

Тој порача дека според него први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал.

По обвинувањата на Тони Менкиноски  од Комисјата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ дека изборната кампања ред правда и дисциплина е превземена од Бенито Мусолини и е позната од неговото време, Маричиќ рече дека овие пропаганди се прават за време на изборна кампања.

-Изборната кампања заврши имам нова влада, вакви фотографии имавме и во други дебати. Ред, правда и дисциплина се зборови од кои бега ВМРО.Трагикомични ви се протестите кои ги организирате и повикувате на ред, а единствениот поим за вас е ослободување на осудените за 27 април и само за вас не важи законот. Да кроиме политика во интерес на граѓаните. Опозицијата имала и ќе има подадена рака од власта, изјави Маричиќ.