Македонија

Маричиќ: Правиме функционален систем против криминалот и корупцијата, имаме пресуди за високи функционери

„Нам ни е потребно да имаме изграден механизам и во владата и надвор од владата, како што се Антикорупциската комисија, Јавно Обвинителство, Одделението за судење предмети од висок криминал во судот, тој круг на институции мора да функционира за да имаме резултати. И тоа е континуирана борба и никогаш не можеме да застанеме и да кажеме дека нема криминал и корупција, Важно е системот да го држиме буден и институциите да го имаат последниот збор. Работиме на тоа интензивно, сите во владата, Антикорупциската комисија е многу активна, од една анонимна комисија направивме релевантна комисија, се отвораат случаи и за актуелни и за поранешни функционери.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за ТВ Стар.

Како илустрација дека правосудсниот систем започнал да функционира, министерот посочи неколку конкретни пресуди.

„Сега имаме капацитет за случаи од висока корупција, што не беше случај порано. СЈО е производ токму на претходниот систем кој што не беше функционален и не постапуваше. Ако ние можеме во континуитет да се справиме со крупните случаи, а веќе имаме пресуди, тогаш сме на правиот пат. Имаме пресуди против поранешни претседатели на судови, против поранешни министри за внатрешни, против други министри. Значи правдата функцинира за сите, нема селективен пристап и законот е еднаков за сите. Ова е процес кој сака време, но до граѓаните и Меѓународната заедница испраќаме порака дека сакаме да изградиме правна држава.

AnimeDao weathering with you animedao: Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 12

AniWatch watch anime free: Watch Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 7