January 18, 2021 09:16
Македонија

Маричиќ: Пописот ќе биде спроведен од статистичари, не како во 2011-та од партиска комисија

„Законот за попис веќе е во Собрание, до средината на декември очекувам да биде донесен, ако оди според планот. Текстот е целосно усогласен и мислам дека навистина би било жално ако која било политичка партија се обиде да го блокира или бојкотира процесот. Што ќе биде ефектот ако некој го бојкотира пописот? Уште еден пропандат попис. Замислете, дете родено во 2002 година, сега има 18 години, а никогаш не бил попишан. Ние со законските измени гледавме пописот да биде исклучиво статистичка операција. Во 2011 пописот беше неуспешен од политички интервенции, комисијата за попис беше како комисија за избори. Сега постапката же ја вршат професионалци, тие ќе си ја завршат работата. Навистина би било жално ако и ова се бојкотира. Ако тоа се случи ќе станеме заложници на поларизацијата на ВМРО ДПМНЕ. Наша цел е дека Македонија мора да успее. Не можеме веќе со бојкоти да одиме напред. Најдобро е овие процеси, како пописот и изборите, да ги гледаме малку обично, граѓански, за навистина да тргнеме напред. Овие резултати од пописот ни се за да ги зајакнеме политиките во здравството, во земјоделието,во другите сектори… Мислам дека и граѓаните веќе знаат дека пописот е неопходен.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за телевизија Стар.