January 25, 2022 05:08
Македонија

Маричиќ: Политичарите не можат да станат судии, чекаме ЕУ да одговори за мониторингот

-Она што е усогласено на ниво на партии е на ниво на политичка волја и одлука, но не и на правни механизми, одговори министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ21, прашан за делот од договорот меѓу СДСМ и Алтернатива кој се однесува на мониторингот на судски случаи.

-Политичарите не можат да ја заменат улогата на судските инстанци, кажа Маричиќ.

Тој повтори дека Владата нема намера да ги загрозува постоечките механизми, кои според Маричиќ треба да се зајакнат за да не доаѓаме до вакви ситуации, каде што се јавуваат сомнежи кај јавноста за одредени пресуди.

Тој потсети дека случајот „Монструм“ по вторпат бил отворен, па повторно се дошло до истиот исход, но напомена дека ќе се слушне одговорот од Европската унија.

-Дојдено е до точка на политичка волја за меѓународен мониторинг и ние тоа ќе го побараме од ЕУ, ќе го видиме нивниот одговор. Ставовите на ЕУ досега се познати, но да прејудицирам, а што тие ќе ни кажат сега зависи од нив. За случаите на висока корупција тоа се случи преку набљудување на ОБСЕ. Логично е што договорот меѓу СДСМ и Алтернатива во делот на судските случаи да предизвика реакции, но ако влеземе во суштината на овој договор тоа не значи дека ќе се влијае на пресудите, тоа е работа на обвинитеството и судовите, рече Маричиќ.

Според него, и претходно партии барале меѓународен мониторинг,  меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред две години беше побаран мониторинг за предмети од висока корупција, а голем дел беа оние од СЈО и за нив опозицијата тврдеше дека се монтирани. Од ЕУ побаравме мониторинг и веќе дваесетина случаи се под таков вид на набљудување. Таков механизам за набљудување на случаи кај нас не е нов, ние имаме историја на улога на ЕУ на креирање и помагање на нашиот правосуден систем, кажа Маричиќ.

Министерот истакна дека ќе се сретне со претставниците на политичките партии да зборува за механизмите од договореното.

-За оние предмети што се завршени можеме да побараме од ЕУ да изврши некаков мониторинг, но механизмите за тие случаи одново да се отворат лежат во домашното право. Доколку тука се исцрпени сите можности, останува странките да се обратат до Судот во Стразбур, рече Маричиќ.

Тој додаде дека намерите на оваа Влада беа да спроведе ветинг, по примерот на Албанија, но таа иницијатива не доби поддршка од ЕУ, затоа реформите се спроведуваат поинаку.

„Се заоструваат критериумите за избор и разрешување на судии и јавни обвинители и се прецизираат методологиите за избор и разрезшување за да имаме пообјективен процес. Не сакаме да дојде до политички ревашизам“ кажа Маричиќ.

Тој додаде дека има судии и обвинители кои работат одлично, а нивните резултати се видливи за сите, но има и такви кои не си ја вршат соодвето работата.

„Имаме предолги одлагања, застарувања на предметите и слично. Тоа се работи кои ја намалуваат довербата на граѓаните во судството“ заклучи Маричиќ

 

animefreak. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime website DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

WONDER EGG PRIORITY Episode 12

Attack on Titan Season 2 Episode 12

AnimeFreak Naruto: Shippuden (Dub) Episode 496

english anime Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.