Македонија

Маричиќ: Подготвени сме за почеток на преговорите за членство во ЕУ

„Апсулутно сме подготвени за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ние на сите полиња имаме многу направено и има уште многу да се направи, но нема да биде ништо поразлично од нашите напори сега“ изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување во емисијата „Објектив“ на МТВ.

„Треба да се обидеме да изградиме независно правосудство, со конкретни резултати, да изградиме силна Академија на судии и јавни обвинители, да изградиме силно обвинителство кое што ќе биде и финансиски независно и кое што ќе постапува неселективно, да изградиме систем за заштита на човековите права што ќе биде во согласност со стандардите на Стразбур и Брисел“ изјави министерот Маричиќ и додаде дека тој пат е зацртан и дека Владата и сега работи на тоа.

Според него, отворањето на преговорите ќе значи и мобилизација на администрацијта и целото општесто, за да биде ставено во функција на фудаментите поврзани со преговорите.

Министерот Маричиќ истакна дека во последните неколку извештаи, Европската комисија утврдила дека правната норма во земјава е компатибилна со таа на ЕУ и дури и германскиот министер за надворешно работи, Хајко Мас, потврди дека Северна Македонија е подготвена за почетокот на преговорите, а особено го издвои владеењето на правото, каде што има видливи резултати.

ANIMEFLIX sword art online animeflix: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25 (https://animeflix.nl/m/zxBm/ep-25)

4Anime gleipnir 4anime: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 11 (https://4anime.biz/m/8VA5/ep-11)