Македонија

Маричиќ: Опозицијата со барањето за нов процес за 27 април врши притисок на правосудството

Како и за сите случаи така и за 27 април, кога е правосилно пресуден предметот, може да се врати на повторно судење само ако има нови докази. Опозицијата се обидува да го партизира целиот случај. Не смееме да заборавиме што се случи, организирана група луѓе упадна во Парламентот, се обиде да спречи избор на претседател на Собранието и тоа заврши со крв на пратениците. Цел свет тоа го осуди, таквите настани во секоја демократска држава се за осудување. Би било штетно за нас како држава ако го смениме наративот и ако свртиме во погрешна насока да се дава партиската страна на тој настан. Пресудата на тој настан треба да го осуетат насилствот како легитимно политичко средство. Насилството не може да биде политичко средство. Во нашето право кога некој ќе се обиде со насилство да ги нападне институциите тоа се означува како терористичко рушење на уставниот поредок, изјави минситерот за правда, Бојан Маричиќ.

-Кога се разгледуваше овој случај целото обвинителство во неколку наврати детално го прегледувало доказниот материјал пред да ја направи квалификацијата на делото и таа квалификација судот, и Основниот и Апелацискиот ја потврдија. Доколку правосудството низ не кратка постапка утврдиле дека станува збор за терористичко загрозување на уставниот поредок, тогаш им верувам. Доколку опозицијата цело време вели дека треба нова постапка, а притоа не доставувајќи нови докази тоа претставува вршење притисок врз правосудството, вели Маричиќ.

Министерот за правда додава дека давам максимум со годините, искуството и енергијата и прави се, како што вели, од утро до мрак да проработи правдата во државата.

-Мислам дека правдата се враќа во оваа држава. За кратко време имаме резултати во правосудството. Работам цело време во интерес на граѓаните и враќање на вербата во правосудството, работам интензивно и така ќе биде се додека сум на оваа функција, вели Маричиќ.

AnimeHeaven anime stream: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 23

ANIMEFLIX animeflix ponyo: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 6 (https://animeflix.nl/m/Dgj4/ep-6)