January 29, 2023 14:14
Македонија

Маричиќ од Градско: Политиките на СДСМ го штитат и вреднуваат трудот на земјоделците

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината” која се одржа во општина Градско рече дека СДСМ носи политики кои се во интерес на граѓаните и кои ги штитат и вреднуваат трудот.
-Исплативме 2,5 милијарди денари заостанати субвенции од 2015 година, наследени долгови од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ само за 2 години со над 6 милиони евра ги поддржа над 500 тини млади земјоделци , а Владата прдводена од ВМРО-ДПМНЕ за 4 години исплатила 1.2 милиони евра на 168 млади зеемјделци, рече Маричиќ.
Маричиќ истакна дека за првпат ќе се усогласиме со политиките на ЕУ преку воведување на пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција, со авансна исплата во тековната година.
-На дело покажуваме како се сака својата држава и народ. Сакаме младите да ги задржиме дома и затоа за 2 години со над 6 милиони евра ги поддржавме над 500-ни млади земјоделци, а Владата прдводена од ВМРО-ДПМНЕ за 4 години исплатила 1.2 милиони евра на 168 млади земјиделци, направи разлика Маричиќ.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Маричиќ, пред жителите на Градско кажа дека  СДСМ е единствената партија која може да трансформира и реформира. Немаме ние друга опција, за сигурен и спокоен живот по европски стандарди, за нас и идните генерации. Заслужуваат македонските граѓани европска и сигурна иднина, рече Маричиќ.
Секретарот за меѓународна соработка Маричиќ беше дециден дека СДСМ ја води државата напред и нуди сигурна иднина. Затоа граѓаните да бидат спокојни затоа што Владата предводена од СДСм никој нема да остави сам да се справува со енергетската и економска криза.