August 5, 2021 03:16
Македонија

Маричиќ на состанок со Маленица: Помошта што ни ја дава Хрватска на евроинтегративниот пат е драгоцена

Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) – Хрватските искуства во водењето на преговорите за членство во ЕУ за нас се многу корисни, а помошта е драгоцена, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот работен состанок со својот хрватски колега Иван Маленица во Загреб.

Двајцата министри разговараа за дополнително продлабочување на соработката на двете земји во однос на владеењето на правото.

-Хрватски експерти веќе работат на повеќе проекти кај нас кои имаат за цел зацврстување на владеењето на правото и реформите во правосудството. Помошта што ни ја дава Хрватска пред сè во евроинтегративниот пат за нас е многу драгоцена. Поддршката од официјален Загреб е континуирана без разлика кој е на власт, што е одлука на вистински пријатели. Тоа што треба да го направиме во иднина е дополнително да ја продлабочиме соработката во однос на владеењето на правото, истакна Маричиќ.

Тој го покани својот хрватски колега во возвратна посета на Северна Македонија.

Маричиќ во дводневната посета на Хрватска имаше состаноци со Академијата за обука на судии и обвинители, го посети УСКОК, а имаше и повеќе состаноци во хрватското Министерството за надворешни работи. мч/сст/

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Tales of Zestiria the X Prologue: The Age of Chaos (Dub) Episode Full

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Rainbow Sentai Robin Episode 1

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Shakugan no Shana-tan (https://gogoanime.be/m/6N0Q) Episode 4

KissAnime Sites Google: https://sites.google.com/view/kissanimemx/