October 23, 2021 01:28
Uncategorized

Маричиќ: Над 30 лица годинава имале статус на лице кое е во отворено или полуотворено одделение

Над 30 лица оваа година имале статус на лице кое е во отворено или полуотворено одделение на затворот и имаат можност да работат во текот на издржувањето на казната затвор, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Статусот на сите лица, посочи Маричиќ, кои што се лишен од слобода и на кои им е одземено правото на слободно движење се регулира на релација меѓу Судот, Управата за извршување на санкции и директорите на затворите.

– Секој, кој што е лишен од слобода во затвор или во притвор има одредени права и обврски, кои ги разгледуваат и одлучуваат судовите. За нас е најважно да се одржи јавната безбедност, судството да функционира по закон и никој да нема можност да избега, да влијае на сведоците или да го повтори делото, изјави Маричиќ.

Во однос на затворениците, Маричиќ рече дека целосна буднос и одговорност треба да покажат Управата за извршување на санкции и директорите на затворите.

– Директорите на затворите правата проценка и даваат мислење околу некое лице, а Судот одлучува каков статус ќе има, меѓутоа мислам дека во сите овие случаи присуството и ограниченоста на овие лица е гарантирана. Секој од нив има конкретен статус. Тој што го спомнавте, Зоран Милески Кичеец е повторно на продолжување на издржување на казната затвор во Затворот во Струга, со одземени сите погодности кои ги имал претходно од Судот, изјави Маричиќ.

Во однос на Драги Рашковски, тој рече, дека ако по одобрение на Судот бил на лекар, тоа е случај со многу други притвореници и затвореници.

– Ниту се случило некое бегство, ниту пак некој бил под таква опасност. Во секој од тие случаи, Судот треба да цени и постапува, исто како и Обвинителството и директорите на затворите, затоа што тие се надлежни за обезбедување на овие лица. Никогаш не треба притворот да биде казна, но мора да биде превентивна мерка против влијаење на сведоци, бегство и повторување на делото и треба системот ефикасно да ги спречува сите овие лица за кои има индиции, изајви Маричиќ.

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

Pretty Rhythm: Rainbow Live (https://4anime.biz/m/67b) Episode 51

Watch Munto 2: Beyond the Walls of Time (Dub) Episode Full

Diggerslist: https://www.diggerslist.com/animefreakws/about

Sgm controlminero: http://sgm.controlminero.gob.ec/web/dichvuseo/home/-/blogs/animeflix?_33