October 27, 2020 09:55
Македонија

Маричиќ и Русковска разговараа за кадровско зајакнување на обвинителството за поефикасна борба со криминалот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со основната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

На средбата со обвинителката Русковска, министерот Маричиќ дискутираше околу потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Воедно, во поглед на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, министерот Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.