August 2, 2021 20:23
Македонија

Маричиќ и Брнз разговараа за Извршната наредба на Бајден и борбата против корупцијата

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која беа дискутирани модалитетите за соработка во рамки на неодамна објавениот Меморандумот за воспоставување на борба против корупцијата на САД, соопштија од Министерството за правда. Дополнително на средбата е разговарано и за Извршната наредба издадена од американскиот претседател Џо Бајден, за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

Министерот Маричиќ ја потенцираше важноста на континуираната поддршка на САД и ја искористи средбата да ги презентира досегашните реализирани активности во рамки на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и ги најави и следните чекори во областа на борба со корупцијата кои почнуваат наскоро, меѓу кои и Проектот на ОБСЕ и ЕУ за мониторингот на случаи на висока корупција.

Извршната наредба издадена од претседателот Бајден наиде на огромна поддршка бидејќи во актот акцент е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Министерството за правда и на Владата на Република Северна Македонија.

– Останува нашето партнерство, продолжува соработката  и обостраната заложба во бескомпромисната борба против корупцијата, беа согласни министерот Маричиќ и амбасадорката Брнз, соопшти Министерството за правда.

https://wcostream.cc wcostream close enough. Watch Shadowverse (TV) Recaps Episode 3

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE. Are You Lost? (https://animefreak.ws/m/k9Nv) Episode 12

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Watch Kaze no Yojimbo (Dub) Episode 25

KissAnime Ourstage: https://ourstage.com/kissanimemx