October 31, 2020 14:16
Македонија

Маричиќ: Граѓанските организации треба да бидат вклучени во преговорите со ЕУ

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се обрати на онлајн регионална конференција насловена како „Време на предизвици – кохезија на Берлинскиот процес и европските интеграции на Западен Балкан”.

-Со граѓанските организации заедно се боревме за почеток на преговорите со ЕУ и поради тоа, граѓанските организации треба да ги имаме и како набљудувачи на процесот, но и како учесници во преговорите, потенцираше Маричиќ, кој се обрати во рамки на третата сесија посветена на соработката на владите со граѓанските организации.

Министерот Маричиќ, соопштија од Министрството за правда, истакнал дека граѓанскиот сектор има огромно искуство на терен во заштитата на човековите права. особено маргинализираните заедници, но и во мониторингот врз судството и обвинителството со што директно влијаат на подобрување на работата на институциите.

-Граѓанските организации се активни и вклучени, но Владата е таа која треба да подаде рака за соработка, без разлика што граѓанските организации имаат улога да ја критикуваат и подобруваат работата на Владата, смета Маричиќ.