October 16, 2021 20:01
Македонија

Маричиќ: Граѓаните веќе почнаа по електронски пат да вадат потврди од казнена евиденција

Министерот за правда Бојан Маричиќ од Штип изјави дека услугата електронско вадење на потврди од казнена евиденција одлично функционира во пракса и граѓаните веќе ја користат услугата. Ова беше прва од повеќето услуги кои се дигитализираат, а целта е граѓаните да не мора да чекаат по шалтери и овие потврди да се добиваат електронски. 

-Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, односно потврдите за неосудуваност. Се работи за целосно нов систем, но важно е дека се се одвива во најдобар ред, изјави Маричиќ. 

Оваа услуга е само една по неколкуте кои целосно ќе се дигитализираат. Наскоро ќе може по електронски пат да се добијат и изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Целиот процес на дигитализацијата на судството кој го води Министерството за правда, предвидува воведување информатичка технологија на сите 34 судови во земјава и во речиси 200 судници.

https://wcostream.cc wcostream dragon ball super

Watch Boonie Bears (Dub) Episode 104

Website https://animeflv.uk: Watch Gulliver no Uchuu Ryokou (Dub) animeflv Episode Full anime to watch

Website https://aniwatch.pro: Watch Kurau Phantom Memory (Dub) aniwatch Episode 24 anime websites

TwistMoe: Yi Nian Yongheng anime episode 52 online free at https://twistmoe.net anime online