March 1, 2021 11:43
Македонија

Маричиќ го поздрави донесувањето на Законот за попис

Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска на својот профил на Фејсбук го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.

Маричиќ испрати и порака до граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите кои се, како што напиша, повеќе од подготвени за спроведување на оваа статистичка операција.

Резултатот од пописот, според министерот, ќе биде основна алатка за креирање развојни политики, а од него директна корист ќе има и бизнис заедницата.

-Сакам да ја поздравам одлуката на Собранието, кое предмалку го изгласа Законот за попис. Им порачувам на граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите. Државниот завод за статистика и институциите се повеќе од подготвени за спроведување на пописот, а пробниот по оваа нова методологија веќе беше поздравен од Европската комисија. После речиси две децении државата конечно ќе спроведе ваква сложена статистичка операција, а резултатот од истиот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики. Директна корист од пописот ќе има и бизнис заедницата, наведе Маричиќ на Фејсбук.

Akudama Drive Episode 12 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime pro

TONIKAWA: Over the Moon For You (Dub) (https://animeplanet.cc/m/BZKx) Episode 9 at website https://animeplanet.cc gleipnir anime planet