December 1, 2021 17:05
Скопје

Маричиќ во Ново Лисиче: За 12 години ВМРО-ДПМНЕ ги затворија само дупките на нивните џебови

Слушнавме дека нашите политички противници ќе ја покривале оваа дупка, култната спортска дупка за жителите на Ново Лисиче, јас не знам дека покриле некоја дупка додека беа 12 години на власт, освен дупката во нивните џебови. СДСМ не е популистичка партија, не сме фрлиле 600 милиони евра како ВМРО-ДПМНЕ за фонтани а на 500 метра да нема канализација, не се луксузираме со броназа и барок додека граѓаните гладуваа, ние вашите пари ги инвестираме во инфраструктура, училишта, градинки, чист воздух, тоа се нашите цели и она што не прави поразлични, рече тој, рече Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка во СДСМ и министер за правда, на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Аеродром.

-Сплотени сме со една идеја, Аеродром да биде општина модерна и чиста, така работи СДСМ, ова е општина со жители кои знаат што сакаат и знаат што им треба, заедно имаме сила да ги трансформираме нашите општини и нашите маала, дополни тој. Маричиќ најави дека во Северна Македонија ќе имаме инвестиција од 500 милиони евра за нови 69 ветрници за еколошка струја.

-Што се можеше да се направи со 600 милиони евра фрлени за Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ е истата матрица, зборуваат за воздух но ништо не направија, ние направивме напори да го решиме и го решаваме, во Собранието најбезобразно блокираат закон за поголеми казни за загадувачите. Истото го прават и со сите проблеми, велат има заразени, а не почитуваа мерки, велат немало вакцини, а беа први на протестите на антиваксерите, исти се и Левица, тие успеаја на настан за почит да внесат раздор и да предизвикаат инцидент, појасни Маричиќ.

Тој рече дека СДСМ го почитува секој граѓанин, сите еднакви и сите заедно работат за доброто на граѓаните.