Македонија

Маричиќ – Вигенин: Соработка на сите нивоа и чекор по чекор решавање на отворените прашања

Потребно е да се прошири полето на соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија и чекор по чекор да започнат да се решаваат отворените прашања, е заклучокот од средбата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Бугарија, кој денеска е во посета на државата со бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков.

– На средбата беа отворени повеќе теми на разговор со фокус на соработката помеѓу двете земји и на сите нивоа, како и важноста од евроинтеграцијата на Северна Македонија за регионот, информира прес-службата на Маричиќ.

Маричиќ на средбата истакна дека од суштинско значење е да се воспостави блиска соработка и комуникација на сите полиња и нивоа.

– Во таа насока, Северна Македонија ќе започне со активирање на работните групи и тела кои се потребни за отпочнување на еден динамичен процес на евроинтеграција, а на кои треба да се гледа како на мостови за натамошна транспарентна и инклузивна соработка меѓу двете земји, се вели во соопштението.

Според Маричиќ и Вигенин, од заеднички интерес за двете земји е и меѓусебно поврзување на невладиниот сектор, бизнис заедницата и академската фела, што ќе резултира со подобрување на атмосферата помеѓу народите на двете земји.

Од прес-службата информираат дека Вигенин на домаќинот на средбата, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Маричиќ, му врачи подарок во знак на гостопримство и пријателство.

anime website. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Komi Can’t Communicate

aniwatch My Hero Academia (Dub)

AniWatch Attack on Titan Episode 20

watch anime dub Gintama

free anime AniWatch DARLING in the FRANXX

tải go88