April 8, 2020 11:00
Македонија

Маричиќ: Брендот на ВМРО ДПМНЕ се вика зарабено судство

„Талир 1 и Талир 2 се двата предметa во кои се открива криминалното дејствување на ВМРО ДПМНЕ, односно нивното незаконско финансирање. Од ВМРО ДПМНЕ сакаа сите случаи да се укинат, прислушуваните материјали да се уништат и да не постои ниту едно дело на СЈО. Но, осуетена е намерата да умрат делата од СЈО и тоа ги боли во ВМРО ДПМНЕ. Законот го пишуваа експерти како Лажетиќ, Калајџиев, Камбовски и други. Поенатата беше независно судство, избрано без политички влијанија и успеавме во тоа. ВМРО ДПМНЕ до последно се бореше тие како партија да го избираат обвинителот, за повторно преку него да ги загрозат предметите на СЈО”- изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ на телевизија Алсат.
Тој изрази сериозна забелешка во однос на преговарачкиот тим на опозицијата, но и укажа дека летото СДСМ прифатил 60 амандмани на опозицијата, но наеднаш на ВМРО ДПМНЕ му текнало дека сака нова група амандмани.
„ВМРО ДПМНЕ на преговорите пушташе лица на кои треба се однесува законот, како Милошоски, Димовски и други кои нарачуваа лустрации, нарачуваа пресуди и кои имаат сторено дела кои треба да ги третира законот. Бренд на ВМРО ДПМНЕ е заробена држава и заробено судство”- дополни Маричиќ.
Тој не се согласи со ставовите на ВМРО ДПМНЕ дека Законот за Јавно обвинителство е донесен на шверцерски начин.
„Како може законот да е донесен надвор од процедура и да не обезбедува независно судство кога го поздравија и ЕУ и САД со официјални соопштенија”- поентираше Маричиќ.
Во врска со случајот „Рекет” Маричиќ посочи дека постојат два јасни докази, смс пораки кои докажуваат дека Заев не сакал ништо да има со случајот и сугерира да се пријави, но тоа го потврди и најголемиот финансиер на ВМРО ДПМНЕ кој е дел од случајот „Рекет”