February 17, 2019 11:14
Забава

Марина Туцаковиќ знаела дека е болна, но намерно не отишла на лекар

„Знаев дека тоа ќе ми се случи. Се чувствував многу лошо, многу се нервирав… Ја имав таа раничка што ја игнорирав, знаев дека сум болна. Навистина знаев. Свесно не отидов на лекар. Имав и приватни проблеми и тогаш тоа го запоставив, се ставив себеси на последно место“, рече авторката на музички текстови, Марина Туцаковиќ (65).

Марина веќе подолг период се бори со малиген тумор на дојката, а според српските медиуми, таа редовно оди на лекарски прегледи и нејзината состојба конечно се подобрува.

„Закрепнувам, фала богу, подобро ми е. Сè уште имам проблеми и редовно одам на контроли. Сè уште постои сè друго. Лекарите засега се задоволни, но не кажуваат ништо“, рече познатата авторка.

Минатата година туморот ѝ беше опериран на Институтот за онкологија и радиологија во Белград, а потоа, по препорака од лекар, отиде во Германија на имунотерапија, која требаше да ѝ помогне во заздравувањето.

Марина се чувствува подобро и повторно почна да пишува песни.

Related posts

Скандалозно: Пејачката сексот со момчето го пренесуваше во живо на Инстаграм/18+

24news

КАРЛЕУША ГИ ОТКРИ ПЛАНОВИТЕ ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

24news

Анастасија на Цеца за само 46 часа собра повеќе од 2 милиони прегледи

24news