January 22, 2021 10:19
Спорт

Марадона беше најдобар, но не остави во наследство богатство

Иако е фудбалска легенда и еден од најдобрите во историјата на овој спорт, Диего Марадона не оставил којзнае какво материјално богатство зад себе. Според некои информации, на банкарската сметка Марадона има само 100.000 долари.

Марадона имаше бурен приватен живот, менуваше жени, официјално има осум деца кои ги призна, а најпознати се ќерките Далма и Џанина од 25-годишниот брак со неговата детска љубов Клаудија, како и 34-годишниот Диего јуниор, кој го доби од една вонбрачна врска со Кристина Синагра од Неапол. Има и син Диего Фернандо кој го роди Вероника Охеда, а има и ќерка Џана, за која се знае малку.

Марадона во минатото бил принуден да признае и три деца од две Кубанки.

Според сајтот CelebrityNetWorth, кој го следи богатството на познатите, сумата која ја има Марадона е 500.000 долари. Која и да е точна од двете суми кои се спомнуваат, тоа е исклучително малку ако се знае колку има заработено Марадона во кариерата како играч и тренер, а да не ги спомнуваме спонзорските договори.

Само за 11-месечниот престој во мексиканскиот Дорадос де Синалоа тој добил 1,5 милиони долари. Во 80-тите и почетокот на 90-тите години на 20-тиот век Марадона беше најскап фудбалер на светот. Имаше богати договори со спонзори како „Пума“, „Кока-Кола“ и производителот на часовици „Hublot“.

Во 1981 година, во Бока јуниорс премина за 4 милиони долари. Година подоцна направи трансфер во Барселона, кој беше светски рекорд и изнесуваше 7,6 милиони долари. Во 1984 потпиша за Наполи за 10,5 милиони долари, уште еден светски рекорд во тоа време.

Но, има информации дека тој имал огромни долгови натрупани за време на престојот во Наполи. Властите во Италија тврдат дека станува збор за сума од 37 милиони евра, од кои 23 милиони се камати.

Марадона продаваше накит за 43.000 евра за да врати дел од долговите, полицијата му одзеде два часовници „Ролекс“ вредни 10 илјади евра, а му беа конфискувани и други скапоцени нешта кои вредат 4.000 евра. На „Инстаграм“ Марадона има 6,7 милиони следбеници.

DARLING in the FRANXX Episode 24 at website https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball super

Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu 2nd Season Part 2 Episode 2 at Crunchyroll watch one piece online free crunchyroll