Македонија

МАН: Неопходни се промени во законите за медиуми и АВМУ за регистрација на порталите како медиуми

Македонската асоцијација на новинари (МАН) жали што врз грбот на новинарот Горан Трпеноски со последната судска пресуда се кршат копјата околу правната формулација/регистрација на електронските медиуми (портали), се вели во соопштението.

„Судот во пресудата наведува факт – дека според законот, портал не е медиум, а вработените не се новинари, бидејќи здружението каде тој бил вработен не претставува издавач на медиум. МАН во изминатите години повеќепати бараше и јавно се залагаше за регистрација на електронските портали како правни лица – медиуми во Законот за медиуми и во Законот за АВМУ, и како такви да бидат евидентирани во единствен регистар на медиуми под капата на Агенцијата за АВМУ. За жал, МАН наиде на остро спротиставување од ЗНМ и дел од невладиниот сектор по ова прашање, дури и кога повикавме да се прочисти нивниот регистар на медиуми, каде членуваат и портали чии издавачи се невладини организации, што не е случај со регистарот на ИАБ Македонија. Сега за жал, на дело ги гледаме последиците од правната несигурност во која функционираат и работат многу професионални новинари во новите дигитални, електронски медиуми, односно портали“, соопшти МАН.

Ја повикуваме владата, политичките чинители и ЗНМ, наведуваат оттаму, активно да се поддржат измените кои ги предлагаме во Законите за медиуми и аудиовизуелни услуги, со кои ќе се утврди правна регистрација на порталите како медиуми.

„Така ќе се овозможи правна сигурност и професионално извршување на професијата новинар во медиум, а единствениот регистар на медиуми да го води Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, во чие изготвување и прочистување активно ќе учествуваат МАН, ЗНМ и ИАБ Македонија“, наведено е во соопштението на МАН.

AnimeHeaven anime: Bleach (Dub) Episode 366

ANIMEFLIX animeflix bleach: Watch Boku no Hero Academia 5th Season Episode 2