March 1, 2021 10:43
Спорт

Манџукиќ на лекарски прегледи пред трансфер во Милан!

Марио Манџукиќ во текот на утрешниот ден ќе ги има задолжителните лекарски прегледи, известуваат италијанските медиуми. Хрватскиот напаѓач е подготвен да се врати во Серија А откако го раскина договорот со Јувентус во декември 2019 година. Неговиот последен настап го имаше со Ал-Духаил во март 2020.

Според новинарот Фабрицио Романо, после прегледите ќе биде потпишан договорот.

-Го одби понудите на турските клубови, а во наредните неколку часа ќе биде во Милано за да го потпише договорот. Потврдено е, се зборовите на италијанскиот новинар Романо.

Тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли одби да ги коментира шпекулациите околу можното доаѓање на 34-годишниот играч.

– Утре имаме важен натпревар, не можам да зборувам за играчи кои не се дел од екипата, рече Пиоли на денешната прес конференција.

Воедно доаѓаат и информации дека Милан ја следи ситуацијата и со младиот одбранбен фудбалер на Челси, Фикајо Томори. Можно е прво да дојде на позајмица, а потоа клубот ја има и опцијата за откуп на неговиот договор.

Цената е 30 милиони евра, овој 23-годишен дефанзивец ретко добива шанса кај лондонските „сини“, а настапуваше уште за Брајтон, Хал сити и Дерби.

Attack on Titan: Lost Girls Episode 3 at AnimeFreak sites like animefreak

Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 16 (https://funimationfree.com/m/yqeP/ep-16) at Funimation dragon ball z funimation dub